Кометата моментално минува низ соѕвездието на Големата Мечка, истакнувајќи дека најдобро ќе се види вечерта, на 30ти април на западното небо. Нема да го барате многу долго , бидејќи треба да се смести во близина на Венера.
По метеорот што експлодираше над Хрватска на крајот од февруари, кон нас брза ново вселенско тело, кое ќе ни даде нов спектакл на небото, а за многумина, ќе ја разубави ноќта во изолација.
Кометата Атлас ќе се појави на нашето небо на крајот на април. Научниците велат дека Атлас е веројатно една од најсветлите комети што може да се види на нашето небо во последните 20 години.
Во моментов, кометата може да се види само преку двогледи или телескоп.
Фотографот Damian Peach објавил скриншот од кометата на Twitter и напиша:
– Што мислите за мојата зелена опашка?
А еве ја и неговата објава.
Доколку сакате да го следите текот на кометата, може да ви помогне вашиот Twitter профил. Научниците отворија специјален профил на кој објавуваат интересни работи и фотографии.
Погледнете, исто така ова Twitter видео, на кое се гледа комета на Универзитетот „Свети Марија“ со помош на „роботски телескоп“. Прогнозите се дека во мај може да заблеска со зеленикав сјај и да стане доволно светла за да се види во текот на денот.
Во својот премин низ нашиот систем, кометата ќе се приближи до Сонцето на 37,8 милиони километри.