По постапките на Џејмс Бонд: виртуелно патување низ неверојатни локации во светот

popara12 април, 20205min00
pogled

Премиерата на новиот филм за тајниот агент 007, „Нема време да се умре“ е одложена за ноември, но можеме кога и да посакаме да уживаме на локациите каде Даниел Крег го играше главниот лик – со помош на интерактивни видеа, фотографии и веб камери.

Нема време да се умре – Матера и Јамајка

Филмот се одвива делумно во градот Матера, Европската престолнина на културата во 2019 година. Матера со години била толку сиромашна што ја нарекувале срамот на Италија, но во последните години таа процвета.

Поранешните сиромашни живеалишта кои се закопани во ридот, се претворија во музеи и ресторани и станаа туристичка атракција. Можете да видите како изгледа градот денес на следното видео:

Неколку сцени беа снимани и во Јамајка каде живеел писателот Џејмс Бонд, креаторот на Џејмс Бонд. По смртта на Флеминг, Крис Блеквел, основач на издавачката куќа Исланд, го купил имотот и го претвори во луксузно одморалиште.

Скајфол – Истанбул

Најголемиот турски град со своите чаршии и тесни улици беше одлична позадина за возбудливите сцени со моторни трки. Голем дел од сцената е снимена во Големата чаршија, една од најстарите чаршии во светот.

Зрно Утеха – Атакама

Последните сцени од филмот „Зрно Утеха“ се снимаа во пустината Атакама во Чиле, долга околу илјада километри и најсушна во светот – во некои делови никогаш не врнело дожд. Се наоѓа на висорамнина па за разлика од Сахара и повеќето други големи пустини, температурите таму се многу пониски.

Казино Ројал – Парадајс Ајленд и Карлови Вари

Веќе во првиот филм на Бонд, Даниел Крег ја освои женска публика, најмногу поради сцената каде излегува од морето. Сцената е снимена во одморалиштето Атлантис на Парадајс Ајленд на Бахамите. Како изгледа островот може да се види на ова видео:

Спектар – Мексико Сити и Соелден

Сцените на уличната парада за Денот на мртвите во Мексико Сити се толку привлечни што туристите кои ги видоа во филмот Спектар, исто така, сакаа да ги видат во живо, но проблемот беше во тоа што таква парада не постои – таа ја измислил режисерот Сем Мендес за сцените да бидат повеќе впечатливи. После неколку години, граѓаните го решиле проблемот: тие ја започнаа парадата, па сега сите се среќни и задоволни.

Не профитираше само Мексико од филмот „Спектар“, туку и австрискиот ски-центар Золден. На врвот на Гаислахкогел, на 3040 метри надморска височина, каде се снимаа првите сцени, ресторанот „Ајс Кју“ сега на менито го има појадокот на Бонд, со шампањ и кавијар, а веднаш под него е изграден интерактивен музеј 007 Елементс, со видео инсталации и реквизити од филмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag