Пејачот и музичар на Гвинеа, Мори Канте, планетарно познат по песната Yeke Yeke од 1980-тите, почина на 70-годишна возраст во болница во Конакри, потврди неговиот син Бала Канте за АФП.
Канте, познат и како „електричен грит“, ја популаризираше африканската и гвинејската музика ширум светот, а песната „Јеке јеке“ од 1987 година продаде милиони копии и го достигна врвот на музичките топ листи во многу земји.
„Гриот“ е дел од заедницата на патувачки поети, музичари и раскажувачи во Западна Африка.