Погледнете каде беше вашиот град пред денешните континенти

1 септември, 2020
дењдњед

НОВА интерактивна мапа ви овозможува да проверите каде се наоѓал вашиот роден град на планетата Земја во период од 750 милиони години.

Мапата ги следи промените на планетата (како што е одвојувањето на континентите) од пред 750 милиони години до денес.

Таа е развиена од поранешниот инженер на Гугл, Јан Вебстер, користејќи мапи PALEOMAP направени од геологот Кристофер Скоти.

Вебстер вели дека неговата цел била да презентира комплицирани научни податоци на едноставен начин за секој што сака да научи нешто за историјата на планетата Земја лесно да го искористи тоа.

Мапата можете да ја прегледате на оваа страница https://dinosaurpictures.org/ancient-earth#0

Кога ќе ја отворите, можете да го внесете името на вашиот роден град (или кој било друг град што го сакате) во горниот лев агол и да изберете временски период во менито над погледот на планетата.

Првата можна опција е периодот од пред 750 милиони години, кратко време откако започнаа да се развиваат првите алги во океаните, а последната ќе ви овозможи да видите како изгледа Земјата во моментов.

Десно, имате можност да „скокнете“ во некои клучни моменти од еволуцијата на животот на Земјата, како што е пред 400 милиони години кога се појавија првите инсекти.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 2c0ddc65-bbbc-48e7-917f-f3b40c4e47a8.jpg
escort - Korsan taksi