Со телефонско гостување во радио емисијата на Хауард Стерн, Пол МекКартни ги обвинил Кинеските живи пазари за ширење на коронавирусот и изјавил дека Кинезите имаат “средновековни навики”.
Некои луѓе веруваат дека Ковид- 19 потекнал од Вухан, Кина, конкретно на живите пазари каде се продава свежо месо, а се чуваат и живи животни, но оваа теорија не е потврдена.
“Искрено се надевам дека ова ќе ја натера кинеската влада да каже- ОК дечки, мораме да имаме суперхигиена овде”, изјавил МекКартни.
“Да бидеме реални,навистина е примитивно да се јадат лилјаци”
Стерн на ова му одговорил:”Кинезите нема да ги затворат живите пазари, а тие првенствено не доведоа во неволја. Нервира тоа, нели?”
“Нема да е толку страшно ако ги обвиниме живите пазари само за ширењето на Ковид-19. Се чини дека и САРС, Птичји грип и сите други вируси кои се шират се од таму. За што служи тој пазар? За вакви средновековни обичаи. Мораат да се исчистат. Мора да направат промена. И ако Ковид-19 не ги промени, не знам што ќе ги промени”, рекол МекКартни
Тој му се јавил на Стерн во емисијата првенствено за да каже што прави за време на пандемијата од коронавирус, кажувајќи дека е во карантин во Сасекс заедно со неговата ќерка и нејзиното семејство.
На прашањето на Стерн дали Пол смета дека живите пазари треба да се забранат, тој изјавил: “Апсолутно! Тие пазари се како атомски бомби, му штетат на целиот свет!”
Отпорот на Кина за затворањето на живите пазари тој го споредил со ропството во неговата земја кое било забрането во 20 век.
“Разбирам дека дел од оправдувањата на Кина ќе бидат во насока дека луѓето тоа го прават со векови и дека таму така се живее. Но и ропството на луѓе траело со векови, ама во одреден период морате да ги промените работите.”