Јелена Карлеуша го прослави 42-от роденден со гала забава во нејзината вила во Дедиње. Пејачката се забавувала лудо со гостите додека соседите не ја пријавиле поради гласната музика, па после полноќ, полицијата дошла да реагира. Сепак, тоа не ја спречи славеничката да се забавува како никогаш досега во животот, па во еден момент таа заврши облечена во базенот!
ЈК пред своите гости изнесе перверзна торта со Барбики.
– Луѓето беа изненадени кога видоа како фигура на Барби орално го задоволува Кен на една торта. Оваа торта беше послужена и на ќерките на Јелена Атина и Ника и нивните пријатели – вели нашиот извор кој присуствуваше на забавата и додава:
– Карлеуша беше во одлично расположение цела вечер. Пиеше и разговараше со сите гости. Во еден момент, таа се фрли во базенот во долг бел фустан. Потоа, ја промени облеката и се однесуваше како ништо да не се случило.
Нејзините колеги Дара Бубамара, Ана Бекута, Мира Шориќ и Наташа Беквалац се појавија на роденденската забава на Ј.К., погледнете фотографии од нејзиниот роденден во галеријата подолу:
Нејзиниот сè уште законски сопруг, Душко Тошиќ, не беше на забавата. Фудбалерот во моментов е во Кина поради обврските, а ова е прв пат да не се обласи на Инстаграм по повод роденденот на Карлеуша за да ѝ честита, како што тоа го правеше во претходните години.