Кристијан Брукнер, првиот осомничен за киднапирање и можно убиство на девојчето Медлин Мекен, ја мачел својата тогаш малолетна девојка Наксија Мифтари, а нејзиното семејство поминало низ пекол заради него.
Азра Мифтари, сестрата на Наксија, која ја бара целиот свет затоа што се верува дека е во можност да открие детали што ќе и помогнат на полицијата да го реши случајот на малата Медлин. која беше киднапирана уште во 2007 година и никогаш не беше пронајдена, тврди дека целото семејство имало проблеми заради врската на Наксија со Кристијан.
Азра вели дека нејзината сестра била во врска со Кристијан околу 18 месеци, во 2014 година и дека постојано ја тепал.
„Ја тепаше и беше ужасен кон сестра ми“, изјави Азра за „ Daily Mail“.
Таа рече дека Наксија во тоа време имала 17 години и дека нејзиното семејство неколкупати ја предупредувало дека не треба да се забавува со Брукнер, кој е 20 години постар од неа.
Азра вели дека сега целото семејство живее во страв дека сите ќе ги поврзат со Брукнер, кој е осомничен за киднапирање на малата Медлин во Португалија пред 13 години и најверојатно ја убил.
„Моето семејство нема никаква врска со него. Само мојата сестра Наксија беше поврзана со него. Таа беше негова девојка, но тогаш беше млада и наивна. Ѝ реков дека тој е премногу стар за неа, но таа не се грижише за тоа“, вели Азра.
Таа додава дека никогаш не се запознала со Кристијан.
„Не го познавам него, но знам дека ја тепал сестра ми. Тој и направи ужасни работи. Знам што и правеше“, рече Азра.
Претходно, еден од соседите на Кристијан рече дека Брукнер е насилен кон Наксија. Тој еднаш го видел како ја удира во киоск што го работел.
Полицијата ги прашала зашто молчеле за сè?
Азра исто така вели дека целото семејство дало изјава пред германската полиција.
“Тие разговараа со сите нас. Тие разговараа и со Наксија, со целото семејство. Тие и рекоа на Наксија да не зборува за Брукнер. Тие го советуваа целото семејство да не зборува за тоа”, вели Азра и додава дека сите ги прашуваат каде е нејзината сестра и тоа влијае на целото семејство.
Таа рече дека нејзиното семејство е сиромашно.
„Ние не сме криминалци, ние сме обично сиромашно семејство, но не сме криминалци“, тврди Азра.
Да потсетиме за Наксеје Мифтари, е издадена црвена потерница од Интерпол, е Албанка. Германските медиуми првично пишуваа дека станува збор за девојка од Косово, а потоа дека станува збор за германски државјанин, родена во Албанија. Некои медиуми, од друга страна, објавија дека Наксаја е по потекло од Македонија.