Производител на медицински стапчиња за брисеви беше принуден да уништи тестови за вирусот корона, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја посети фабрика во државата Меин.
Додека вработените во лабораториски костуми и заштитна опрема работеа во фабриката “Puritan Medical Products” за време на посетата на Трамп, претседателот на САД, кој не носеше маска, помина низ погоните и разговараше со работниците.
Менаџерот за маркетинг на таа компанија изјави за USA Today дека производството било ограничено за време на посетата на претседателот на САД и дека брисевите што биле произведени за тоа време ќе бидат фрлени.
Сè уште не е познато колку брисеви за тестирање ќе бидат уништени и зошто, пренесува британски Independent, потенцирајќи дека овој потег следи по извештајот за недостиг на опрема за тестирање за време на кризата со корона вирус, во моментот кога земјите ги отвораат границите и мора да се прошират своите капацитети за тестирање.
За време на посетата во петокот, Трамп изјави дека „кога имате повеќе тестови, имате повеќе случаи“.
“Тоа им го зборам на мојот народ: Секој пат кога ќе тестираме, ќе имаме случаи затоа што повеќе тестираме. Значи, ако имаме повеќе случаи, ако би сакале да направиме тестирање во Кина или Индија или на други места, ви ветувам, ќе има и повеќе случаи. Но, ние правиме одлична работа со тестирање. Вие правите фантастична работа во правењето брисеви“, рече Трамп.