Коди Симсон, сега поранешно момче на Мајли Сајрус, е виден со нова, непозната девојка, само еден ден откако поп ѕвездата ја објави веста за раскинувањето.
Странските медиуми го „фатија“ на прошетка со црна жена, за која се шпекулира дека е одговорна за крајот на нивната десетмесечна романса.
Според извештаите на американските медиуми, новата песна објавена од Сајрус во петокот е за нејзиното раскинување со Лијам Хемфорт, нејзиниот поранешен сопруг со кого беше во врска повеќе од десет години, а со кого се разведе минатото лето, непосредно пред да стапи во врска со манекенката Кејтлин Картер, со кого исто така се раздели само неколку месеци подоцна. Сепак, според американските медиуми, песната зборува и за нејзиното раскинување со гореспоменатиот Коди Симсон, со кого беше во врска десетина месеци.