Порано беа најубавите близначки во Холивуд, но денес се непрепознатливи!

24 декември, 2020
бли

Американската актерка и дизајнерка Мери Кејт Олсен (34) е фотографирана како ја напушта својата канцеларија во Њујорк, а по тој повод изгледаше многу тажно, па фановите велат дека никогаш не изгледала полошо.

Имено, едно од двете близначки Олсен, кои се прославија во филмови за деца и тинејџери, неодамна се разведе од францускиот банкар Оливер Саркози (50), па велат дека ваквиот развод буквално ја уништил и дека сега изгледа 10 години постара.

Овој пат, актерката прошета цела во црно и изгледаше како да жали некого. По тој повод, таа носеше црно палто, црни кожни чизми до колена, додека во раката носеше црна кожна чанта со дезен „крокодил“.

Мери го врза предниот дел од косата во изборна пунџа, додека на лицето имаше црна маска за лице, и неколку книги во рацете.

Актерката цело време гледаше надолу. Инаку, Мери поднесе барање за развод во април, но поради моменталната состојба во светот и пандемијата на корона вирус, нивниот случај сè уште не е процесуиран во Њујорк.

escort - Korsan taksi