Месечината во последно време е единствената светлина што ги осветлува улиците на Микро Хорија, античката престолнина на грчкиот остров Тилос. Тоа е напуштено грчко село кое нормално се буди само за туристите, но за време на пандемијата на вирусот корона, и тие ги нема. Најголемото искуство е во вообичаени околности кога неколку туристи се собираат и пијат коктели во еден вид комбинација од бар и музеј во подножјето на урнатините.
– Се обидуваме да му вдахнеме живот на ова село – вели сопственикот на барот Џорџ Алиферис. Ги превезуваше своите гости во селото со години од Ливадија, островско пристаниште, каде што се преселија сите селани по Втората светска војна. – Во селото немаше вода и струја, па луѓето одеа таму каде што се чувствуваа подобро – вели партнерката на Алиферис Вања Јорданова додека служела пијалоци на терасата во барот, по половина час возење по трнлив пат до Микро Хори.
Алиферис, родум од Пелопонез, го открил Микро Хори пред околу триесет години, кога пристигнал на островот откако неговиот брат, лекар, се вработил таму. „Мислев дека е навистина срамота дека селото е напуштено и го сонував тој луд сон да го оживееме“, рече тој. Неговиот бар го одржува отворен три месеци годишно. Посетителите доаѓаат од сите страни, дури и од странство, а меѓу нив има и потомци на семејства кои некогаш живееле таму, вели тој.
Проектот, сепак, го чинеше многу, финансиски и психолошки, и тој сега изгуби голем дел од своите приходи поради вирусот корона. Тој исто така не е задоволен што наскоро може да се случи властите да го асфалтираат патот до селото, бидејќи се плаши дека тоа „ќе го смени пределот и атмосферата“.