Пополната фигура симболизира физичка и ментална зрелост, а тоа значи сигурност за мажите во неповолни финансиски и стресни моменти во животот, покажуваат истражувањата
Мажите во време на тешка финансиска криза и стрес повеќе ги привлекуваат жените со изразени облини, велат научниците од британскиот универзитет во Вестминстер.
Во експериментална студија пред неколку години, тие интервјуираа половина од испитаниците поставувајќи им прашања што го зголемуваат нивото на стрес, додека други одговориле на банални прашања што не го зголемуваат нивото на стрес. После тоа, и двете групи испитаници разгледувале слики на жени од многу слаби до дебели.
Оние мажи кои по интервјуто го зголемија нивото на стрес, претпочитаа жени со пополни фигури. Мажите во неповолни моменти во животот секогаш избираат „позрели карактеристики на изгледот“, објасни авторот на студијата, др. Вирен Свами.
„Формата на телото се чини дека е важен знак на физичка и ментална зрелост“, вели Вирен.
Оние кои не учествуваа во „стресното“ интервју, избраа слаби жени, како Анџелина Џоли. Ова, велат научниците, го објаснува и фактот дека во нецивилизираните култури каде повеќето членови немаат ресурси за живеење, облините се вреднуваат.
Претходната студија на популарното списание „Плејбој“ откри дека во последните 46 години, во време на рецесија, жените со поголеми облини почесто ги краселе кориците отколку што правеле во време на економска стабилност, пишува Дејли Меил.