Потегот на Шумахер пред несреќата како да го насетил ужасот кој следел

popara26 мај, 20201min00
Наслован

Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, се здоби со сериозна несреќа на 29 декември 2013 година, кога ја повреди главата додека скијал надвор од обележаната патека во ски-центарот Мерибел во Франција.

Додека јавноста сè уште не ја знае точната состојба на славниот возач, бидејќи семејството крие информации, малку е познато дека Михаел ја напишал својата волја три години пред несреќата, а објаснувањето зошто го сторил, се покажало како ужасно предвидување.

Шумахер напишал тестамент уште во 2010 година, според кој остава имот вреден повеќе од 1,2 милијарди долари на неговата сопруга и децата.

Во 2010 година, Шумахер реши да го преземе овој чекор, како што објасни, „не заради стравот од трки во Ф1, туку заради опасноста во секојдневниот живот“.

“Јас го сторив тоа затоа што сум семеен човек. Не го сторивме тоа заради Ф1, туку затоа што може да ми се случи нешто во секојдневниот живот”, изјави Шумахер во тоа време.  

Германските медиуми тврдат дека богатството на Шумахер се проценува на 1,2 милијарди долари, кои ќе ги наследи неговата сопруга Корина и децата Мик и Џина Марија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag