Повторно лага: Кој си поигрува со здравствените работници: Наместо 40 отсто од нето платата, добија по 92 денари

popara14 јуни, 20202min00
laga

Помпезно најавуваната мерка дека здравствените работници ангажирани во спраување со Ковид-19, ќе добијат картичка со 40% пропадна во вода. Наместо 40%, добија смешни 92 денари, со кои може да купат домашни производи, објави ТВ 21.

Габриела Илиевска е здравствен работник, вработена во Клиничката болница во Битола како медицинско-лабораториски аналитичар, истовремено и независен советник во Советот на Општина Битола. На последната седница на советот, таа е исмевана за добиените 92 денари.

Олга Лозановска: Габи зеде многи пари, со ваучерот, треба да го потроши. Дури 90 денари…

Валентин Груевски: Кој зел 90 денари?

Габриела Илиевска: Јас Валентин, ќе ти ги поклонам ако сакаш…Што ме гледаш? 92 денари земав

Викторија Христовска: Да си купува домашно

Валентин Груевски: На подарен коњ не му се гледа заби

Методија Илиевски: Од каде зеде Габи?

Габриела Илиевска: Како здравствен работник…

Методија Илиевски: Бонус на плата?

Габриела Илиевска: Не! 40% што требаше на плата…

Методија Илиевски: И колку ти дадоа?

Габриела Илиевска: 92 денари

Методија Илиевски: Грешка е!

Владе Шеровски: Ти дале според заслугите

Методија Илиевски: Уште толку ти фалеа до 100 000 изгледа

Габриела Илиевска: Фала колега Шеровски, но кога ќе дојдеш кај мене како пациент ќе видиш колку се заслугите! Срамота е дека да деградираш здравствени работници. Кај нас нема заслуги, имаш обврски!

Зоран Стојчевски: Ќе си купиш две маски од поефтините

Габриела Илиевска: Не дај боже да дојдeш, ќе видиш како се работи.

Илиевска за ТВ21 вели дека не само таа, туку голем дел од нејзините колеги добиле смешни суми на пари.

Вредноста на картичката немав намера да ја коментирам иако ја имав добиено пред неколку дена, бидејќи се надевав дека се работи за грешка и кај мене и кај моите колеги кои добија смешни суми. За жал на паузата на седница на совет, јавно бев повикана за сумата, а мислењето на советниците од власта за еден здравствен работник кој работел со Ковид-19 ќе оставам да го коментира јавноста, истакна Габриела Илиевски.

Министерката за финансии ја признава грешката, вели дека ќе има корекции.

Работници како што гласи уредбата добиваат 40% од основната нето плата, таа листа брои 4400 здравствени работници која што ја доставува Фондот за здравствено осигурување. Морам да посочам дека денеска се прави соодветна корекција на листата која што Фондот ќе ја достави до генералниот секретаријат, а тие ќе ја процесираат до банките за евентуални корекции, бидејќи истите потеницраа дека има грешки во однос на износите на нето платите, посочи Нина Ангеловска.

Во добивањето на платежна картичка со која може да се купуват само домашни производи опфатени се вработените во Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag