Случајно или намерно, на Интернет се појави нов завршеток на спотот за песната „History “ – нивниот стар хит од 2016 година.
Во „оригиналната“ верзија на видеото, кое беше објавено во јануари 2016 година, Ниал, Хeри, Лиам и Луис заминуваат во различни насоки. Уште тогаш режисерот на видеото, Бен Винстон откри дека тоа не е вистинскиот крај на видеото.
„Крајот не требаше да изгледа токму така, требаше да испрати порака-наскоро ќе се видиме повторно“, рече Бен.
Токму неговата продукција 73 Production во 2017 го објави вистинскиот крај на видеото, на кое обожавателите се сетија токму оваа недела. Во тоа видео, момците повторно се среќаваат, се глупираат и се радуваат едни на други.
Фановите ова го толкуваа како „сигурен знак“ дека момчињата ќе се обединат за неколку недели и заедно ќе ја прослават својата десетгодишнина.