Тие ја продолжуваат фигурата и се вклопуваат со целата гардероба.
Неговото име во светот значи вистински гламур и сексапил, а тој исто така направи идеални сандали кои можат да ги заменат сите ваши летни чевли што ги имате во вашиот плакар.
– Ако не сте љубител на потпетици, а сакате да имате некои за посебни пригоди, тогаш голите сандали со пета од 7 см се идеални за вас. Тие се лесни и отворени, совршени за топлите летни денови – рече Бланик во една пригода.
Покрај голите сандали, Бланик создаде и голи чевли, салонки кои исто така им стојат убаво на понежниот пол.
Токму овие голи сандали најмногу ги носат сестрите Кардашијан, со кои визуелно ја продолжуваат својата фигура и ги прават нозете подолги, а тоа е нешто што им е потребно на многу жени.