Познат економист реши да проговори: за Бил Гејтс, војната против кешот, МОЌНИТЕ ЛУЃЕ, пандемијата….ШОКАНТНО ИНТЕРВЈУ!

popara10 мај, 20202min00
bil gejts

Компаниите Visa & Mastercard, Меѓународниот монетарен фонд, милијардерот Бил Гејтс и американските банки полека лобираа готовината да се укине низ цел свет и истата да се замени со дигитални пари. Економистот Норбер Херинг елаборираше на ова тема и објасни каква е поврзаноста со пандемијата.

Норбер Херинг е дипломиран економист, основач и ко-директор на Светската асоцијација за економија, финансиски новинар, блогер и автор на познати книги по економија.

Објаснете за оние кои не се запознаени со ова тема, за што всушност претставува кампањата за укинување на готовината и кои се главните актери.

-Почнувајќи од 2005 година се води “војна против готовината“, а беше главна стратегија на Visa & Mastercard, да се истисне од употреба бидејќи за нив тоа претставува главен конкурент.

Во меѓувреме влегоа во коалиција со американската влада, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и Сити банка, со што формираа “Сојуз подобар од кеш“ со цел елиминирање на готовината. Иако, овие актери наведуваа дека го прават со цел да им помогнат на сиромaшните.

Интересот на финансискиот сектор за прифаќање на ова сценарио е очигледен. ИТ компаниите ги собираат податоците дигитално, со што американската влада ќе има голема моќ и можност за надзор и санкционирање преку дигитализираното плаќње. Сите останати држави, го сакаат аспектот на моќ и надзор врз сопствените граѓани.

Имате објавено дека Индија се користеше како експеримент за елиминирање на готовината. Дали може накратко да ни објасните што се случи и кој беше позади тоа?

-Во ноември 2016 година, премиерот Нарендер Мод на телевизија објави дека сите банкноти, со искучок на најмалите апоени се “демонетаризирани“. Со што луѓето не можеа повеќе да плаќаат со нив, па мораа да ги однесат во банка. Целта беше да се оштетат оние кои заработуваат на “црниот пазар“. Но, тоа не им успеа, само доведе до хаос во државата.

Поради неуспехот, само по неколку недели, следна цел на владата беше “финансиска инклузија“ и модернизација на финансискиот систем. “Финансиската инклузија“ индијската централа банка ја спроведе преку Фондацијата на Гејтс, владата на САД и други американски институции кои се “бореа“ против готовината.

Изгледа дека Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се клучните актери во ова сценарио – свет беш кеш. Зошто се толку посветени на овој проект?

-Доколку го набљудувате Гејтс како “Microsoft“ човек, тогаш неговиот интерес е собирање на што е можно повеќе дигитализирани податоци, особено финансиски кои се највредни за тргување.

Од друга страна тој е истакнат член на многу национални групи, очигледно е дека е патриот, а земјата му е близу до срцето, па сака да помогне во собирање на податоците и да допринесе до поголема контрола на светот.

Дали Covid-19 е средство за реализација на овој проект?

-Секако дека е тесно поврзана. Банките водат кампања за избегнување на готовината, а како решение ги нудат картичките и мобилниот начин на плаќање. А, сепак, здравствените стручњаци изјавуваат дека кешот не е релевантен канал за пренос на вирусот.

Зошто сте вие загрижени за повлекувањето на готовината? Нели е подобро доколку сите користиме дигитална валута?

-Се разбира дека е, никој на никого не му забранува да ги користи дигиталните пари. Сепак, голем број на компании, на кои провизиите од финансиските институции им се високи, нема да сакаат да ги прифатат. А, тоа е една од причините зошто финансиските институции сакаат да исчезнат банкнотите, на тој начин ќе можат и дополнително да ги подигнат своите провизии.

Она што е најважно е дека: се што плаќаме дигитално и секоја наша трансакција е запишана во нашата банкарска сметка. Доколку не постои кеш, тогаш нашата банкарска сметка ќе биде дневник на нашиот живот. Сето тоа може да биде достапно за некого, кој ќе може да знае и види што сме правеле по година, ден, час. Па дури може со тие податоци подоцна некој да биде уценуван, компромитиран или контролиран.

Вие сте директно поврзани со правниот случај за можноста надокнадата за јавните радиодифузери во Германија да се плаќа во готовина. Дали може ваше мислење за овој случај.

-Тоа го правам затоа што сакам да го одбранам правото за користење на готовината, и веќе елаборирав кои мерки што се преземаат за депласирање на готовината го кршат статусот на еврото.

Доколку победам во овој случај, нивната борба против кешот ќе им биде потешка, а владините агенции и канцеларии, вклучувајќи ја и управата за јавни приходи, нема да може да одбиваат примање на готовина.

Колку до сега е успешно спроведен проектот за безготовинско плаќање? Дали постои отпор и од каде доаѓа?

-Успешен е, меѓутоа бавно дава резултати, особено во западните држави каде што владее демократија, а луѓето се грижат за нивното право за користење готовина. Поради тој отпор од страна на граѓаните, банките користат индиректни мерки како што е зголемување на провизиите во случај на користење кеш. Па дури и ММФ имаше издадено документ, во кој се препорачува преку тие индиректни мерки да се надмине проблемот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag