Познатата актерка им испрати порака на сите жени кои не можат да си најдат партнер

31 август, 2020
profimedia-0374069857

Канадската актерка, родена во Велика Британија Ким Катрал неодамна го прослави својот 64 роденден и откри дека е посреќна од кога било. Славната русокоса е најпозната по улогата на Саманта Џонс од серијалот „Сексот и градот“, а зад себе има повеќе од 80 улоги во кариерата. Како и феноменалниот лик кој го играше, Ким е многу отворена личност и никогаш немала проблем да кажува што мисли. Таа неодамна воодушеви многу осамени жени и жени кои не можат да го најдат идеалниот партнер, кога сподели неколку совети од сопственото искуство.

„Поминав поголем дел од мојот живот сама. За мене беше фантастично, но бев осамена. Мислев дека сте осамени штом немате партнер, но тоа не е вистина. Може да бидете слободни, но не осамени. За почетниците, обидете се да го организирате денот и да го пополните вашето време со воведување хоби. На тој начин нема да мислиш глупости. Ако сакате да танцувате, запишете се на курс, ако ве интересира поезија, одете на вечера за читање поезија. Застанете, исполнете го денот, не само да седнете пред телевизорот. Пронајдете активност што нема да ги „возат“ вашите размислувања премногу лудо со тоа што немате партнер. Ако имате голем сексуален апетит, излезете, пронајдете некој со кого ќе се забавувате во кревет. Правете го она што го сакате со вашето тело! Не се оптоварувајте со стомакот, целулит или мозолчиња на лицето. Ако ви се укаже и ги скриете недостатоците, само тогаш човекот ќе ги забележи. Пријавете се на волонтирање затоа што тоа ќе ја збогати вашата мрежа на социјални контакти, ќе развиете самодоверба, а високата самодоверба ќе помогне да ги намалите чувствата на осаменост. Жени, верувајте ми, ако немате самодоверба, никој нема да ве посака во животот.

escort - Korsan taksi