Познатиот актер по кој жените лудуваа го доби второто дете – и тоа на 65 години!

20 февруари, 20200
б

Ѕвездата од серијата „Sex And The City“, Крис Нот, кого го засакавме во улога на Господинот Ѕверка, доби второ дете!

На својот Инстаграм, актерот откри дека неговиот втор син пристигнал на светот.

Крис (65) објави фотографија од бебето, а тие му го дадоа името Китс.

„Нашиот син Китс пристигна од небото“, напиша воодушевениот татко.

Славната Ѕверка со својата сопруга Тара Вилсон (37) веќе има син, Орион Кристогер. Двојката откри дека на синот Китс името му го дале по англискиот поет Џон Китс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *