Презгодна водителка тврди дека може да разговара со духови: “Гледам мртви луѓе”

popara5 мај, 20203min00
Насловна

Презентер за времето на Аргентина, по кој  копнеат мажи од целиот свет тврди дека може да разговара со мртви луѓе.

Презгодната презентерка тврди дека има натприродни моќи, односно дека може да разговара со мртвите.

Сол Перез вели дека го чувствува присуството на духовите, вклучувајки го и духот на својата покојна баба.

Преубавата 25 годишна блондинка тврди дека ги има овие моќи уште од детството.

Презентерката, која ја следат повеќе од пет милиони луѓе на Инстаграм, вели дека се започнало кога имала 14 години.

-Еден од пријателите на мајка ми почина. Во исто време, почнав да одам во теретана и одеднаш престанав да јадам. Не знам зашто, имав проблеми со храната. Една ноќ, сонував дека пријателот на мајка ми влегува во соблекувалната во салата, допирајќи ми го вратот и ми кажа дека ќе се разболам, а и рече некој чуден збор – се присети Перез.

Таа рече дека веднаш се разбудила во солзи и го започнала да бара на интернет за зборовите што ги слушнала во сонот. Излезе дека тоа е болест што ве тера да одбивате храна.

Според неа продолжиле да следат чудни ситуации. Вели дека тогаш постојано чувствувала присуство на нејзината мртва баба.

– Секоја вечер се будев во 4 часот почувствувајќи дека некој ми ги допира нозете. Стана толку застрашувачко што не можев да спијам и светлината цело време светнуваше. Ништо лошо не ми се случило никогаш, но луѓето почнаа да ми кажуваат дека сум видовита и дека треба да се обидам да стапам во контакт со баба ми која загина во несреќа – рече Перез.

View this post on Instagram

Buen día ☀️ cómo arrancaron el domingo? Yo así…

A post shared by Sol Perez (@lasobrideperez) on

Таа вели дека никогаш не пробала, но дека својата баба  без оглед на се редовно ја гледа.


– Знам што е реалноста, а што не, и ова не е сон. Секој пат кога ќе се нервирам или ќе се чувствувам како нешто лошо ќе се случи, духот на баба ми се појавува и ме гушка – вели убавата презентерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag