Сакале да си признаете или не, сезоната на голи нозе е пред прагот. Освен што си дадовте задача да си го освежите ормарот со летна облека, на својата “to do” листа секако ќе мора да ставите и неколку ефективни вежби за згодни и стегнати нозе. Бидејќи викендот е пред вас, имате одлична прилика за телесни активности кои не ни помагаат само да го обликуваме своето тело, туку е битна и за имунитетот кои е исто така многу важен во борба со вирусите и настинките кои владеат.
За среќа на инстаграм има фитнес инфлуенсерки ширум светот кои беа вредни и не само што објавија фотографии од нивните фигури, туку не почастија и со со видеа во кои покажуваат кои вежби треба да ги вметнеме во распоредот за тренинг. Каде и да вежбате, дали во теретана или дома добро погледнете ги нивните тренинзи и влезете спремни во сезоната на пролетни фустани.
Вежби за нозе со Whitney Simmons
Вежби за долиот тел од телото со Meggan Grubb
Вежби за нозе и задник со Sarah Bowmar
Bodyweight вежби за нозе со Kayla Itsines
Вежби со помош на на Smith машина за долен дел на телото со Linn Lowes
Тренинг за цел долен дел на телото со Victoria Grimes