Прочитајте го откриеното писмо на Дајана од 1989 година!

popara19 јули, 20201min00
д

Принцезата Дајана била позната по тоа што сакала да праќа срдечни, рачно напишани писма. Сега, нејзините фанови гледаат во новооткриено писмо кое починатата принцеза го напишала во доцните осумдесетти, речиси една декада пред нејзината трагична смрт во август 1997 година.

Споменатото писмо датира од 21 јуни 1989 година попрецизно. Дајана ја напишала пораката како знак за благодарност до Наредникот Џорџ Пламб од елитната единица за заштита на Скотланд Јард, кој помогнал да се организира специјална мотоциклистичка парада во чест на седмиот роденден на нејзиниот постар син Вилијам.

Она што го прави писмото посебно се дополнителните потписи- од славеникот Вил и неговиот помлад брат, принцот Хари, кој тогаш имал само пет години.

Во писмото се вели:

“Драг Нареднику Пламб, навистина беше многу љубезно од вас и вашиот тим што дојдовте денес на роденденот на Вилијам. Не можам да ви опишам какво задоволство предизвикавте кај малите луѓе и нивните мајки!

Знам точно колку сте зафатени во овој момент, затоа уште повеќе ни значи тоа што вие и вашите моторџии успеавте да бидете дел од роденденската забава! Најтопло ви благодарам.

Искрено, вашите Дајана, Вилијам, Хари. ”

Писмото, заедно со уште неколку работи од кралската фамилија беа набавени од приватната колекција на Наредникот Пламб пред три години и дадени на аукција. Аукцијата е отворена до 23 април а моменталната понуда е 9300 долари. Со следниот минимален влог цената би била околу 9960 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag