Проститутките од Амстердам работат од дома!

popara16 април, 20203min00
amsterdam 5

Проститутките од Амстердам кои работат од дома предизвикуваат загриженост во општината Амстердам, сега кога еротските објекти се затворени заради пандемијата од коронавирус. Градоначалничката Халсема истражува дали еротските сајтови можат да бидат блокирани.

Нема поддршка од холандската влада

50 годишната Марлоуз била проститутка 25 години работејќи во разни клубови во познатата Amsterdam Red Light District. Таа не е регистрирана во Стопанската Комора како “фриленсер” и не може да добие специјална помош од Холандската влада. “Излегов од секоја шема”, изјавила Марлоус. “Но исто така имам месечни трошоци. Секој месец од мојата сметка се земаат пари, на пример рата за мојата кола. Имам деца кои треба да јадат и треба да му испраќам пари на семејството во странство”

Намален приход за проститутките

Нејзиниот приход драстично се намалил откако еротските објекти во Холандија се затворија. Таа проценува дека сега заработува 25 % од нејзината вообичаена заработувачка и сега мора да ги кани клиентите во нејзиниот дом. Нејзините деца кои се студенти знаат што работи мајка им. Таа не се рекламира. “Имам база на редовни клиенти. Тие клиенти доаѓаат. Потребата за проститутки е поголема од стравот. Такви се луѓето”. Секако таа се плаши дека може да биде заразена, па вели:”Прво моите клиенти се тушираат кај мене. На тој начин чиста е надворешноста. Не дозволувам контакти со плунка, што значи нема бакнување. И самите клиенти се исплашени”

Холандските клиенти полека се враќаат

Таа во моментов има околу осум клиенти неделно. Има неколку закажани и за наредната седмица. “На почетокот, кога се појави коронавирусот, беше многу полошо” Кога премиерот Руте се појави на телевизија, имав само еден клиент. Луѓето беа шокирани”.

“И другите проститутки работат од дома”, вели таа. “Познавам многу проститутки кои работат од дома, или изнајмуваат некое место, или пак одат кај клиентите”. Таа не смета дека ова е опасно. “Моите ограничувања и барања за претходно туширање се јасни уште на почетокот. Правам да биде позабавно. Не го чекам клиентот да се истушира сам. Се тушираме заедно”.

На проститутките им се потребни пари за семејствата

Амстердам има од 4000-7000 проститутки. “Најголемиот дел се дома. Се проценува дека 25% од нив работат од дома”, вели Хелен Дрисен, советничка во Центарот за проституција и здравје.

“Сексуалните работнички сè уште имаат потреба од пари. За кирии или за нивните семејства. Една бугарска проститутка неодамна изјавила- морам да испратам пари за семејството, бидејќи тие навистина немаат ништо- таа сега работи од дома”.

Градоначалничката на Амстердам се обидува да ги блокира рекламните сајтови

Градоначалничката Фемке Халсема пред комитетот на градскиот совет во вторникот изјавила дека таа истражува дали еротските сајтови можат да бидат блокирани, бидејќи постои ризик за инфицирање на проститутките. Сајтовите како Kinky, Sexjobs и Planet Romero, сè уште рекламираат онлајн. Халсема ги намалила очекувањата: таквата блокада нема да биде едноставна.

За проститутките нема копче за паника

Машкиот ескорт Лајл Мунс (26) од My RedLight не работи, но гледа дека има група која продолжува да работи.

“Тоа се проститутки кои не се регистрирани во Холандската Стопанска Комора и се без документи. Ова се луѓе кои ќе паднат во голема финансиска криза доколку не работат, затоа што немаат право на специјалната помош од владата.”

Тој е загрижен за ризиците. “Ако продолжат да работат, постои опасност од инфекција. Проститутките кои работат во клубови или позади излозите се научени на сигурност. Братот оператор стои во близина и доаѓа веднаш доколку некој во собите го стисне копчето за паника. Таа сигурност исчезна. Во моментов проститутките се оставени сами на себе, без копче за паника”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag