Пудинг тортата е најлесната торта во светот: Кремасто слатко кое се прави брзо и лесно а ќе ги задоволи сите!

31 јануари, 20200
b8ecd68717dc0e3a4d4365021341680c_670x0

Вашиот нов омилен десерт ве чека!

Состојки
4 лажици брашно
4 лажици шеќер
4 јајца

Фил
1 кесичка пудинг од чоколадо
1 кесичка пудинг со ванила
200 гр путер
2 лажици шеќер + 100 гр
600 мл млеко
прелив од карамела по желба

Начин на подготовка

Со миксер изматете ги јајцата и четирите лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го миксерот и додадете го брашното. Тестото ставете го во подмачкан калап и печете го 15 минути на 200 степени.

Згответе 250 мл млеко и една лажица шеќер. Додадете го пудингот од ванила измешан со млекото и варете додека не ја добие потребната густина. Повторете го истото со пудингот од чоколадо. Потоа оставете ги да се изладат.
Во сад за мешање изматете го путерот и 100 грама шеќер. Пола изматен путер ставете во изладениот пудинг од ванила, а остатокот во пудингот со чоколадо. Матете со миксерот додека состојките не се соединат.
Печената кора исечете ја на два еднакви дела, така што ќе се добијат две кори, а потоа нанесете го кафеавиот фил на првиот дел. Ставете ја втората кора и нанесете го жолтиот фил.
Ставете го колачот во фрижидер за да се стегне, а потоа прелијте го готовиот прелив од карамела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *