Руски космонаут: Верувам дека вонземјаните постојат, само треба уште да патувам!

31 јануари, 20200
vanzemaljci

Рускиот космонаут Олег Артемиев верува во постоењето на интелигенција над Земјата и се надева дека ќе се сретне со вонземјаните!

Артемиев, кој двапати ја посетил Меѓународната вселенска станица, изјавува дека „досега не летал многу, па затоа не бил во можност да ги види“, пренесуваат руските медиуми.

За време на презентацијата на својата книга во Музејот за космонаутика, тој призна дека верува во вонземјанска ителигенција.

Артемиев зборуваше за животот на споменатата вселенска станица и откри дека космонаутите добиле таблети со 60 гигабајти музика за психолошка поддршка.

Првата вселенска фотографија ја направил со таблетот.

„На тој начин фотографиите се поубави отколку кога се користи професионална техника која, заради големите леќи, не може да „ѕирнете зад аголот“, објаснува Артемиев.

Според нив, Артемиев полетал во вселената во 2014 и 2018 година. Мисијата на Меѓународната вселенска станица обично трае околу шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *