Преубавата природа на ова подрачје ги остава туристите без здив.
Лангкави, познат како драгоценост на Кедах е округ и архипелаг од 99 острови во Андаманското Море, околу 30 km од копното на севернозападна Малезија.
Oстровите се дел од провинцијата Кедах, која се наоѓа на границата со Тајланд.
Најголем остров е Лангкави, кој има околу 62.792 жители, а преубавите плажи на овој остров ги оставаат туристите без здив.
Пентаи Ценанг е најпопуларната плажа и туристичко подрачје во Лангкави, со десетици илјади посетители секоја година.
Постојат две главни островски подрачја: Јужни острови, кои се повеќе посетени и острови на североистокот кои се пусти и каде одат драстично помал број туристи, пренесува Wikipedia.
Островот Лангун има слатководно езеро, наречено Езеро на трудницата Мејден, а има и песочна плажа. Островот Денданг се наоѓа покрај него, а создава залив кој го користат туристички едрилици.
Некои од најпопуларните плажи се Пантаи Ценанг, Пантаи Тенгах, заливот Бурау, Пантаи Кок и заливот Датаи. Плажата Пантаи Ценанг е интересна поради долгите пруги од бел песок. Плажата ја опкружуваат високи стебла кокос.
Пантаи Тенгах е одвоена од плажата Ценанг со мал ‘рт. Бураускиот залив, обрабен со карпи, е омилено место на птиците преселници. Мирната плажа Пантаи Кок има позадина од варовнички брда, а постојат и плажи кои се најубава комбинација од шума и море.
Жичарата на Лангкави ги носи посетителите до врвот Гунунг Мат Чинчанг, а првата станица на жичарата се наоѓа во ориенталното село каде постојат неколку атракции, вклучувајќи тридимензионален уметнички музеј.