Учесничката на неколку сезони во реалното шоу “Парови”, Мирјана Праизович, ги изненадила сите на друштвените мрежи откако објавила фотографија со труднички стомак и напомена дека е во шестиот месец од бременоста.
Таа на крајот на март објавила фотографии со сопругот Рене, а брачниот живот со него го започнала во Австрија. Праизовач во постот го открива и полот на бебето – идните родители чекаат момче.
Бременоста и ја честитала и Далила Драгојевиќ, некогашната цимерка од “Парови”. Таа во коментар на Инстаграм напишала:
“ќе имаме бебе!” – порачала Далила додавајќи емотикон во облик на срце.