Disney World го сподели рецептот за мега популарниот благ помфрит!

2 септември, 2020
kompircinja

Познатиот благ помфит на Walt Disney World, кој можете да го најдете во забавните центри, не само што е вкусен, туку е и здрав, бидејќи има растително потекло, а сега можете да го направите дома секогаш кога ќе посакате благ Дизни микс.

Блогот на Disney Park го споделил рецептот кој е суперлесен за подготвување.

Еве кои состoјки ви се потребни:

2 ¾ шолји сенаменско бршно

½ шолја плус 1 супена лажица шеќер во прав

½ шолја плус 1 супена лажица растителен маргарин, мек

7 супени лажици топла вода

5 супени лажици изматени јајца

1 супена лажица меласа

½ шолја млечен мини чоколаден чипс

Подготовка:

1. Измешајте ги брашното, шеќерот во прав и маргаринот со миксер со средна јачина додека не се добие мека, мазна смеса.

2. Во мал сад измешајте ги млаката вода и јајцата. Потоа, заедно со меласата додадете ги во садот за миксирање.Миксирајте додека не се измазни

3. Додадете го чоколадниот чипс

4. Ставете ја смесата во тава во фрижидер 30 минути, да се стврдне.

5. Во претходно загреана рерна ставете две ленти за печење, со хартија за печење или силиконска подлога.

6. Смесата исечете ја на 32 ленти, секоја со должина од 10 сантиметри. Поставете по 16 ленти на секоја страна за печење.

7. Печете 20-22 минути, додека “компирчињата” не станат крцкави.

8. Сервирајте ги со вашите омилени сосови од чоколадо или јагода

Информации:

Категорија: Десерти

Количина: 32 парчиња

Време за подготвување: 40 минути

Време за готвење: 20 минути

Вкупно време: 59 минути, 59 секунди