Рецесијата не е изговор: 5 глобални светски познати компании го имаат започнато својот бизнис во време на светски кризи: Кои се тие компании?!

popara20 јуни, 20201min00
svet kriza

Што е заедничко за компаниите General Motors, Burger King, CNN, Uber и Airbnb? Сите се основани за време на економски падови. Овие гиганти успеале да ја завртат рецесијата во своја корист и да ја зголемат работата.

GM е лансиран во 1908 година кога американската економија доживеала крах по финансиската криза “The Panic of 1907”. Од друга страна Burger King својата прва плескавица ја пласирал во 1953 година кога во САД повторно имало рецесија. CNN стартувал со работа во 1980 година, кога инфлацијата во америка достигнала до 15 проценти.

Интересно е што уште две други компании  Uber i Airbnb, го започнале бизнисот во текот на Светската економска криза 2007-2009 година. Овие примери се доказ дека тешката финансиска состојба на глобалниот пазар не мора да биде препрека ниту изговор за да не запловите во нови води, само е важно како и во која насока да пливате.

Постојат гиганти кои не ги основале своите компании за време на Корона кризата или други потреси од минатото и успеале да го унапредат својот бизнис токму затоа шти светот запре. Amazon, Фејбук и други компании успеале да добијат огромни заработки на сметка на карантинските мерки. Онлајн трговијата никогаш не била попрофитабилна.

Светската банка за 2020 година предвидува пад на трговијата за 5,2 отсто, што е најлош пад од 1946 година наваму. Многу силни економии се веќе во рецесија.

Интересно е што и покрај падот на економијата, податоците наведуваат и нови вработувања во овој период. Оваа појава не е невообичаена бидејќи луѓето кои останале без работа за време на кризата бараат нови начини за заработка и зависни се само од себе. Терминот кој ја означува оваа појава е “necessity entrepreneurship”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag