Роберт Де Ниро не е задоволен од начинот на кој владата на Соединетите држави се справи со пандемијата на коронавирус. „Банг шоу Биз“ известуваше за коментарите на актерот за Си-Ен-Ен каде ја обвини федералната влада дека не постапува доволно брзо.
Ако владата направеше нешто повеќе, објасни актерот, можеби ќе можеше да се избегне.
Според 76-годишниот, владата имала повеќе од „доволно предупредувања“ да започне со спроведување на строги правила за спречување на ширењето на вирусот. За време на разговорот со новинарите на Си-Ен-Ен, Роберт рече дека доколку владата постапела побргу, „нема да бевме во оваа фаза на оваа пандемија“.