Корона вирусот во Русија би можел да заврши на почетокот или средината на јуни, таков заклучок може да се извлече од досегашното искуство, изјави Александар Чучаљин, академик во Руската академија на науките, пулмолог и раководител на Одделот за болничка терапија на рускиот истражувачки медицински универзитет „Пигоров“.
„Врз основа на стекнатото искуство, може да се смета дека јуни, средината на јуни, е месецот кога треба да исчезне“, рече Чучаљин.
Тој прецизираше дека едно заразено лице во просек заразува 2-3 луѓе во просек.
Досега во Русија се пријавени 24.490 инфицирани случаи со КОВИД-19, од кои 198 починале, а околу 130.000 луѓе се под медицински надзор.
На 11 март, Светската здравствена организација, епидемијата на нова инфекција вируси КОВИД-19, ја прогласи за пандемија. Според најновите податоци, во светот се пријавени повеќе од два милиони инфицирани случаи, а повеќе од 129.000 луѓе починале.