Салата за слабеење со која никако нема да останете гладни

popara3 јуни, 20202min00
61700460-salata

Ако сакате да изгубите некој килограм, а притоа да се храните здраво без да останете гладни, испробајте ја оваа прекрасна салата.

Состојки:

50 грама квиноја

1 пакување пилешки гради

3 моркови со средна големина

Неколку поголеми листови од кељ

Неколку поголеми листови од свежа зелка

1 свежа пиперка

4 лажици маслиново масло

4 лажици оцет

1 мала лажичка сенф

Сол и бибер

Ситно сецкани јаткасти плодови (ораси, бадеми или лешници)  

Подготовка:

Квинојата згответе ја според упатсвото, а откако ќе се олади ставете ја во садот во којшто ќе ја правите салатата.

Пилешките гради исецкајте ги на парчиња и испечете ги на малку масло за јадење. Кога ќе бидат готови, извадете ги и додадете ги во садот. На преостанатото масло во коешто ги припремивте  пилешките гради, додадете ги морковите, претходно исецкани на тенки парчиња.

Исецкајте ги кељот, зелката и пиперката, а потоа додатете ги во садот.

Направете мешавина од маслиново масло, оцет, сенф, сол и бибер и потоа изматете ја. Додадете ги и ситно исесцканите јаткасти плодови. Целата мешавина прелијте ја врз салатата и добро измешајте.

Совет:

Месото слободно можете да го замените со риба. Добар избор се лососот или туната. Исто така, на салатата можете да и додадете и краставица, тиквички, грав или било кој друг сезонски зеленчук, по ваша желба.

На здравје!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag