Јелена Карлеуша, која го прослави 42-от роденден пред три дена во дворот на нејзината вила во Дедиње, беше домаќин на голем број на познати личности на нејзината забава.
Сепак, таа беше ѕвездата на вечерта, и поради роденденот и затоа што изгледаше одлично.
За нејзиниот стајлинг се зборуваше со денови, а сега откриваме колку ја чинеше пејачката таа вечер.
Најголемо внимание привлече декорацијата на главата во форма на крила, која беше дизајнирана од босански дизајнер, и која чини 100 евра.
Долгиот бел фустан со деколте во пределот на стомакот, грбот, нозете и рамената е дело на австралиски дизајнер, на чија официјална веб-страница се продава за 660 долари (околу 557 евра).