Минатата недела, Анџелина Џоли побара приватниот судија кој го надгледува нивниот развод да биде отстранет од случајот затоа што претходно соработувал со еден од адвокатите на Пит. Во новите правни документи добиени од „USA Today“, адвокатите на Пит одговорија на барањето на Анџелина и рекоа дека актерката се обидува на секој можен начин да го раздели Бред од децата.
“Ова е типична тактика што ја користат луѓето на кои не им се допаѓа начинот на кој се одвиваат работите. Ако се чувствувате како да победувате, не се обидувате да го запрете процесот и да го смените судијата, така што последниот потег на Анџелина е да бидеме сведоци на нејзината фрустрација со решение што не оди по нејзиниот пат”.