Се подготвува ново сценарио: „Вовед во анатомија“ ќе ја вклучи пандемијата на корона вирусот во новата сезона
Авторите на серијата „Вовед во анатомија“ најавија дека сега го преработуваат сценариото за 17-та сезона од серијата, затоа што сакаат да ја покажат борбата против пандемијата на коронавирус.
„Мораме да се справиме со пандемијата. Како една од најпознатите серии за медицина, ние мора да се справиме со најважното здравствено прашање на денешницата. Сакаме да покажеме како лекарите се справуваат со оваа ситуација, рече Христ Венроф, продуцент на серијалот.
Таа исто така истакна дека сакаат да покажат дека многу лекари се заразуваат и умираат од вирусот, но и колку лекарите треба да учат во движење.
Тие планираат да ги поканат лекарите кои се вклучени во борбата против вирусот да ги кажат своите приказни, за да ја претстават ситуацијата што е можно поверно. Серијата мораше да ја заврши својата 16-та сезона порано, како резултат на епидемиолошката состојба. Ве потсетуваме и дека тимот од серијата донираше големи количини на медицинска опрема на локалните болници во март.