На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа полицаец како удира шлаканица на еден млад човек на задното седиште на полицискиот автомобил.
Целата сцена наводно се случила на Врачар, а засега не е познато што е причината оваа интервенција.
По објавата на ова видео реагираше Драган Кујунџиќ, помошник министер и началник на секторот за внатрешни работи во Србија: „Секторот за внатрешна контрола детално ќе го испита однесувањето на полицискиот службеник против 43 годишниот маж уапсен во Врачар, поради прекршување на мерката забрана за движење.”