Омилена поза на 35 проценти од мажите е т.н. „каубојка“, од големите гради поважно им е лицето, нозете и задникот, а 70 проценти од нив веруваат дека моногамијата во бракот е можна
Околу 34 проценти од мажите во сериозна врска или брак се измамиле со партнерот барем еднаш, се вели во истражувањето на Интернет-страницата на американската компанија „Бета истражувања“ на 522 мажи на возраст од 21 до 59 години. Истражувањето покажува дека женетите мажи се позадоволни од својот сексуален живот, а 70 проценти од нив сметаат дека е можно да се биде верен во бракот.
Околу 22% од испитаните мажи имале 20 или повеќе сексуални партнери во текот на животот, 35% имале два до осум партнери, а 14% од мажите имале некаква форма на сексуална средба со друг маж.
Најважно им е лицето
Само 24 проценти од мажите изјавиле дека претпочитаат големи гради кај партнерката, а повеќе од тоа ги интересира изгледот на нејзиното лице, потоа задникот и нозете.
Сакаат таа да е горе
Повеќе од половина од испитаниците сакаат да и пружат орален секс на својата партнерка. Околу 25% од нив го сакаат, но во мали дози, додека околу 10% од мажите не го сакаат овој вид сексуална активност.
Омилена поза за 35 проценти од мажите е таканаречената „каубојка“ во која жената е горе и ја води играта, проследена со мисионерска поза и „кучешки стил“.
Со задоволство ја препуштаат иницијативата
Над 70 проценти од мажите велат дека губат интерес за секс доколку нивната партнерка ретко или никогаш не презема иницијатива. Исто така, неверојатни 90 проценти од нив би сакале да го прават тоа почесто затоа што тоа ги прави да се чувствуваат посакувани и посигурни во своите љубовни способности.
Безбедност во сексот
Што се однесува до првиот секс со нова партнерка, мажите четири пати повеќе од жените се оптоваруваат со нивните перформанси отколку од ризикот од сексуално преносливи болести или ХИВ. Само 34% од мажите редовно користат кондом.