Сексот е преценет! На плажа, под туш или во автомобил- подобар е во фантазијата!

11 август, 20200
секс

Експериментирањето и пробувањето на нови работи во сексот за многумина е разбивање на рутина и изгледа дека идејата за обичен секс во кревет веќе станува досадна. Но дали е тоа навистина така и кои работи во сексот звучат подобро во теорија отколку што се во пракса, ќе видиме сега.

Секс во автомобил

Секој барем еднаш пробал секс во автомобил, но тој е далеку поинтересен во тинејџерските години и кога имате недостаток од простор за водење љубов. Освен ако немате лимузина или комбе, сексот во автомобил обично претставува згрчено тело, туткање на седишта и наведнување на глава за да не ја мавате од кровот од автомобилот.

Секс за време на возење звучи далеку поопасно и повозбудливо отколку што навистина е, а обично се сведува на орално задоволување на возачот. Но таа работа ќе го одвлече вниманието од патот, особено ако е добра. Во моменти на екстаза лесно можете да изгубите контрола над автомобилот. .

Секс под туш или во када

Иако е честа сцена во филмовите и звучи многу сензуално, сексот под туш некогаш е многу тешко да се изведе, особено ако туш кабината е премала. Најчесто партнерите мораат да стојат, па пенетрацијата не е можна заради разликата во висина и останатите закони на физиката. Додајте ја на тоа и лизгавата површина и ќе добиете вистински рецепт за незгодни повреди.

Сексот во када не е толку опасен што се однесува на повреди, но не е толку привлечен како што звучи во теорија. Температурата на водата не може да се одржи, особено ако сексот трае подолго, а и топлата застоена вода е вистински рај за бактериите.

Секси масажа со масло

За многумина ова е најдобар облик за масажа бидејќи служи како одлична предигра за секс. Но вкусот на масло во устата не е така секси, ниту пак допирот на масло со гениталиите, освен ако не користите масло за таа намена. Во спротивно можете да завршите со иритација или дури со воспаление.

Секс на плажа

Ова е многу стереотипна фантазија за секс. Иако звучи романтично, подлогата од камчиња, песок или карпи не е удобна, што и да ставите под вас, а да не ги спомнуваме зрната песок кои можат да се пикнат насекаде. Песокот ќе го зголеми триењето кое може да го направи сексот болен.

Снимање на секси видеа

Ова е возбудлив начин да видите како изгледате во моментите на страст. Но кога ќе се видите какви гримаси правите, или како ви изгледа стомакот, тоа нема да ви се чини ни половина од она како сте го замислиле, а стенкањето звучи како нешто да ве боли, наместо да уживате. Дополнителен ризик е што вашето видео може да заврши на интернет, така што најдобро е да го избришете видеото веднаш откако ќе го видите.

Игри со чоколадо и шлаг

Воведувањето на слатко задоволство во сексот звучи како сцена од најдобрите еротски фантазии, но вистината е дека вкусот на телото е повеќе соленкаст отколку сладок. Освен тоа, од слатките работи само ќе станете лепливи.

Поза 69

Ако двата партнери уживаат во оралниот секс, позата 69 е идеална за истовремен хедонизам. Но наместо да го удвоите задоволството, се јавува проблем бидејќи секој од партнерите може да даде само половична изведба заради зафатеноста од она што му се прави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *