Сестрата Мараја Кери ја тужи нејзината мајка: Ме принуди да имам секс за време на сотонистички обреди

popara8 август, 20201min00
maraja keri

Постарата сестра на познатата пејачка Мараја Кери, Алисон ја тужи нивната мајка Патриша за сексуална злоупотреба. Како што вели, нејзината мајка ја присилила да има секс со странци кога имала само 10 години и ја принудила да присуствува на сотонистички обреди, пишува The Sun.

Наводно, ја носела на обреди среде ноќ, каде морала да биде сведок на злоупотреба на други деца, а таа самата била злоупотребена. Таа тврди дека заради сè, сега страда од посттрауматско стресно нарушување и депресија.

„Ритуалот секогаш се одвиваше некаде помеѓу 2 и 4 часот наутро, а на него учествуваа и возрасни и деца. Не се одржуваше секоја недела, туку на одредени датуми“, рече таа.

„Сите носеа црни капи и одеа од едниот крај на собата до другиот. Кога го започнуваа ритуалот, тие зборуваа на некој странски јазик. Мислам дека беше латински“, додаде таа.

Сестрите во расправија

Сестрите Мараја и Алисон не се во добри односи од 1990-тите, а Алисон претходно призна дека се занимава со проституција за да заработи пари. Некои од пријателите на Мараја веруваат дека со оваа тужба сестрата само сака да добие уште повеќе пари од семејството.

Сепак, ова не е прв пат Алисон јавно да зборува за ова. Уште во 2018 година, во едно интервју, таа го опиша сатанскиот ритуал на кој присуствуваше како дете.

Ниту нејзината мајка, ниту Мараја не се изјаснија за целата ситуација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag