Убавиците од Тител се најдоа во центарот на вниманието на медиумите откако сестрата на Богдана влезе во емотивна врска со наследникот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а потоа и бракот, кој го крунисаа со нивниот син Жељко. Секој сака да знае што се случува со Наташа и Бојана Родиќ, а двете се обидуваат да споделат детали од нивниот секојдневен живот со своите следбеници преку социјалната мрежа Instagram.
Наташа Родиќ објави фотографија од златниот тоалет во престижен хотел во Турција. Сестрата на Богдана позираше во зелен сатенски фустан што ги потенцираше нејзините облини, а познатата фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ не остана имуна на фотографијата, па веднаш и стисна „Like“.