Северина ПОЗИТИВНА на корона вирусот: „Се заразив од блиска личност“

popara14 август, 20201min00
severina

Пејачката Северина Којиќ е позитивна за вирусот корона. Таа објави на Инстаграм и објасни дека нејзиниот син е негативен на КОВИД 19.

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен.

Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и во договор со него, го предадов два дена пред назначениот датум, да ја помине самоизолацијата со него, без оглед на негативниот тест.

Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизација на детето, го замолив и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена „забавувајќи се во Далмација со детето“.

Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување затоа што нашиот прв тест беше негативен.

Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити, непроверени, односно измислени информации “, се наведува во објава на пејачката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag