Северина се огласи на социјалните мрежи неколку дена подоцна, но сè уште не го спомнува нејзиниот сопруг Игор Којиќ.
Ова е прв пат Северина да се изјасни по целата драма, не сметајќи ја фотографијата што е направена во соработка со хрватска компанија.
Пејачката објави видео од песнсните “Тридесете” и “Мили Мој“ од настап во живо во Белград.
„Едвај ги чекам концертите кои следат, а ќе ги има ова лето … Оваа песна ја напишав во летото 2000 година, во Блато на Корчула, беше издадена на албумот “Здраво Маријо”, и ова е снимка од турнејата во 2009 година (Белградска Арена ), напиша Северина и ги запраша нејзините следбеници која е нивната омилена турнеја.
„Која е вашата најомилена турнеја? “Вирујем у те” во живо, “Триесете” во живо, “Добредошао у клуб” или„ The Magic Tour“? додаде таа под постот.
За потсетување, гласините за проблемите во бракот меѓу Северинa и Игор продолжуваат повеќе од еден месец.
За проблемите почна да се зборува кога Северина сама се врати во Загреб, додека Игор остана во Белград. Kавгата започнала поради барањата на Северина за реновирање на базенот и таа не може да се согласи со Кеба и Оља.
Двојката престана да си ги “лајкува” меѓусебните објави на социјалните мрежи, а оваа година немаше ни роденденски честитки.
Којиќ неодамна објави илустрација во која се тврди дека „покровители на неговиот брак“ биле два медиуми од Хрватска и Србија и Милан Поповиќ, кој исто така бил во илустрацијата.
Северина ја коментираше објавата што Игор потоа ја избриша, обвинувајќи ги Оља и Кеба. После тоа, тие престанаа да се следат едни на други на Инстаграм, а само еден ден подоцна повторно се заследија.
Игор отиде чекор подалеку и објави фотографија со пејачката.
„Љубов што не се мери со “Like” и “Follow”. Мојот ангел, најубава душа и најдобра мајка на светот“, напиша Игор со фотографиите во кои ја бакнува Северина. Таа не ја “лајкна” ниту таа објава.