Северна Кореја ја разнесе зградата на меѓукорејската канцеларија за врски со Јужна Кореја

popara16 јуни, 20201min00
koreja

Северна Кореја се чини дека ја разнесе зградата на меѓукорејската канцеларија за врски, објави новинската агенција „Yonhap“, повикувајќи се на јужнокорејски воен извор.

Министерството за обединување во Сеул соопшти дека канцеларијата во пограничниот град Каесонг е срушена во 14:49 часот по локално време.

Канцеларијата за врски се наоѓа на севернокорејскиот дел од границата со Јужна Кореја, а отворена е во 2018та година за да помогне во подобрата комуникација меѓу двете земји. Канцеларијата е испразнета уште од јануари поради мерките на претпазливост поради пандемијата на коронавирус.

Северна Кореја во последниве денови упати неколку закани кон Сеул, и меѓу другото се закани дека ќе ја уништи канцеларијата основана во 2018та година. Заканите ги упати  Ким Јо Јонг, моќната помлада сестра на лидерот на Северна Кореја во текот на викендот. Таа се закани со одмазда и рече дека Пјонгјанг треба да ги прекине сите врски со Сеул.

Таа, исто така, се закани дека ќе испрати армија во демилитаризираната зона што ја одделува од Јужна Кореја.

Тензиите меѓу двете земји растат откако активистите на Јужна Кореја и дезертерите на Северна Кореја, наводно, испратиле околу 50 000 летоци до комунистичката држава. Ваквите кампањи генерално ги повикуваат луѓето од Северна Кореја да ја соборат својата влада.

Повеќе детали наскоро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag