Шест лоши работи кои му се случуваат на вашето тело доколку подолго време немате секс

popara19 јуни, 20202min00
Annotation 2020-06-19 152150

АКО (ненамерно) долго апстинирате од сексот, тоа веројатно сама по себе е доволно лоша ситуација, но ни вашето тело не е благодарно на тоа. Metro наведува шест работи кои се случуваат во вашето тело доколку низ долг временски период не сте имале сексуален однос.  

  1. Чувствувате поголем стрес

 Во текот на сексот телото ослободува допамин, серотонин и окситоцин кои се познати како хормони на среќа. Налетот на тие хормони, кои ги добиваме со бакнување, а особено од оргазмите, помагаат да се опуштиме. На некои лѓе сексот им е и начин за дистракција кој им помага да ги оттргнат мислите од проблемите, што им помага да ја намалат вознемиреноста. За среќа, мастурбацијата предизвикува сличен ефект па можете и сами да си помогнете. Вежбањето исто така ја зголемува концентрацијата на овие хормони во организмот.

  1. Проблеми со спиењето и помнењето

И тука се важни хормоните на среќата. Наиме, серотонинот помага во регулирањето на сонот и поради тоа понекогаш се чувствувате доста поспано после акцијата. Освен тоа ни ја подобрува способноста за учење, памтење и пробава.

  1. Послаб имунитет

Некои истражувања покажуваат дека оргазнот може да го ојача нашиот имунолошки систем.

Мала студија од 2004 година спроведена на 11 луќе, открила дека оргазмите постигнати со мастурбација ја зголемуваат концентрацијата на адреналин и пролактин во плазмата, што е протеин кој има повеќе функции, од кои едната им е потребна на останатите станици за регулација на имунитетот.

  1. Вагиналните ѕидови стануваат потенки

Без грижа, ако не се сексате три месеци, вашата вагина нема потполно да се промени, но долгиот период на апстиненција може да предизвика некои промени.

“Сексот предизвикува зголемен проток на крв во вагината и природна ллубрикација, што значи дека подолг период без секс може да предизвика вагиналното ткиво да стане помалку влажно и да се стесни

Ова сепак е поретка појава кај млади и здрави жени, а почесто се јавува кај жени кои поминале низ”, објасни гинекологот Сара Велш.

  1. Поголем ризик од еректилна дисфункција

Докторот Еарим Чаудри предупредува дека мажите кои немаат редовни односи имаат зголемен ризик од еректилна дисфункција, особено ако станува збор за постари мажи. Редовната ејакулација го намалува ризикот од рак на простатата со смалување на стресот и одржувајќи го клеточниот метаболизам на постојана брзина.

  1. Чувство на изолираност

Ако сте се навикнале редовно да се сексате, наглото прекинување би можело да ви предизвика ментални проблеми.

“Подолгиот период без секс ги погодува луѓето на различни начини, а тоа зависи од тоа каков ви е сексуалниот нагон. Доколку и инаку имате силен сексуален нагон, подолго време без секс би можело да ви предизвика голема фрустрација. Луѓето со високо либидо во периодот без секс можат да имаат ментални проблеми. Редовниот секс има многу бенефиции, а намалувањето на стресот е само едха од нив. Не станува збор само за физичкото уживање туку и психички ќе се чувствувате поповрзани со другата личност”, објаснува прихологот Беки Спелман.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag