Адолф Хитлер на тајната организација Аненерба и дал задача со помош на мистично “вишо знаење” да создаде супер човек, вистински Ариевец. Требало да биде необично силен и издржлив и да може со леснотија да ги поднесе воените потешкотии.
Втората Светска Војна им овозможила на фашистите да спроведуваат експерименти над воените заробеници и логористи.
Сите тие биле изложени на генетски и физиолошки ефекти. Заробениците во логорите биле изложувани на неподносливи горештини и ужасно студенило, разни отрови и психотропни лекови.
Приврзаниците на „тајното знаење” сакале да реплицираат вистински Ариевци од СС елита, која ги опфаќала припадниците на т.н. витешки одреди. Тие биле изложени и на различни мерки на влијание, вклучувајќи и верско- мистични влијанија.
Покрај Аненерба, обука за ваков персонал е спроведена и на Институтот за расни студии, каде што се прменувале знаења стекнати на Тибет, за да се научи како да се стимулира мозокот.
Според оскудните архивски податоци, од овие војници кои ја прошле специјалната обука се создадени строго класифицирани СС баталјони, кои му биле потчинети на самиот Хитлер.
Таквите баталјони дејствувале на местата со најтешки борби.
Одгледувањето на „вистински Ариевци”, со помош на селекција се вршело во детските домови во Лебенсборн. Таму биле одгледувани деца од посебно одбрани парови и оние кои биле пронаоѓани на окупираната територија, но секогаш во склад со ариевските стандарди.
Потоа, многу од нив биле одликувани со добар физички или ментален развој, но нивните татковци биле идентификувани само во три случаи.
Тоа биле официри на специјалните баталјони на СС, што укажува на успешен пренос на квалитетот кој го стекнале со наследување.