ШОК! САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД ПАРКИНГ ВО ВУХАН, ДАДОА НОВ ЛИК ЗА ПОТЕКЛОТО НА КОРОНА ПАНДЕМИЈАТА…

popara9 јуни, 20201min00
sok

Истражување на Медицинскиот факултет Харвард, засновано врз сателитски слики на паркинзи низ болници во Вухан и податоци од машини за пребарување, покажува дека коронавирусот можеби започнал да се шири во Кина уште во август 2019 година, пренесува Ројтерс.

Истражувањето користело сателитски слики со висока резолуција на болничкиот паркинг во Вухан, каде се појави болеста на крајот на 2019 година, како и податоци за пребарување како што се зборовите „кашлица“ и „дијареја“.

Истражувањето, кое сеуште не е разгледано, покажа дека имало значително повеќе автомобили на паркинзите на пет болници во Вухан кон крајот на летото и есента 2019 година отколку минатата година.

Покрај тоа, кинескиот пребарувач Баиду во овој период забележал пораст на бројот на пребарувања со клучни зборови поврзани со заразни болести, пренесува Си-Ен-Ен.

Користејќи снимки од октомври 2018 година научниците изброиле 171 автомобил на паркинзите на една од најголемите болници во болницата Вухан – Тјанју. Според сателитските снимки, една година подоцна на истите паркиралишта имало 285 возила, што претставува зголемување за 67 отсто, а кај некои болници има пораст и до 90 отсто.

Беше посочено дека, иако не може да се потврди дека овие податоци се директно поврзани со коронавирусот, идејата дека зафаќањето на болнички паркинзи или протокот на пациенти може да се користи како релативен показател за нешто што се случува во популацијата.

Џон Браунштајн од детската болница во Бостон изјави дека пред неколку години е објавен извештај за тоа како се пополнуваат паркинзите за време на сезоната на грип и се зголемува протокот на пациенти во болниците во Латинска Америка.

„Можете да ја предвидите сезоната на грип само со следење на зафатеноста на паркингот“, вели тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma