Имате на располагање широк спектар на модели – од лелеави кои наликуваат на преклопен фустан до прецизно прилагодени; со трегери, длабоко деколте и необични јаки. Се носат модели со ленти, цвеќиња, цреши, птици, во светли бои и земјени тонови. Што и да одговара на вашиот стил, ќе се чувствувате пријатно и опуштено во нив, без разлика дали одите на плажа или на вечера.
Се комбинираат со патики, неуредни летни фризури и очила за сонце, исто како и со потпетици и впечатлив накит, а еве како ги носат познатите дами.