Откако едно американско трач списание објави вест дека Бред и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон веќе 22 дена биле во изолација, на нас ни дојде да излеземе на балконите и да аплаудираме. Но …
Но, за жал, тоа беше уште една лажна вест. Џен е сама во својата вила „Бел ер“, додека Бред се затвори во својот дом од 1,7 милиони американски долари во Лоз Фелиз, предградие во Лос Анџелес, кој го купи во 1994 година. Два базени, скејтборд парк и бујна градина се само дел каде овој актер скратува време кога не го поминува со своите деца, кои живеат со својата мајка Анџелина Џоли во непосредна близина.