Што претставува ефектот на “бумеранг дечко” и зошто треба да ги избегнувате таквите личности?

25 јули, 20200
2

„Бумеранг дечко“ е тип на дечко кој бега во првата прилика што ќе му се пружи, а набргу потоа се обидува да се врати во вашиот живот. Овие момци никогаш нема да ве сфатат сериозно.

Тие се појавуваат, исчезнуваат, се враќаат назад само за да исчезнат уште еднаш кога работите стануваат премногу незгодни. Ако сте паметни и имате барем трошка достоинство, нема да се смирите со „бумеранг дечкото“.

Еве осум причини зошто секоја девојка треба да го избегнува овој тип на дечко:

  1. Не очекувајте врска со него
    Тие сакаат само да ве однесат во кревет и да спијат со вас. „Бумеранг мажите“ заминуваат и се појавуваат по некое време, и се така во круг. Врската со таков човек никогаш не успева.
  2. Тие се себични
    Дури и ако имате секс со него, тој нема да се грижи дали вие сте доживеале оргазам или не, дали уживате во сексот или не. Најважно за нив е што тие го добиваат она што го сакаат и не се грижат за чувствата на другите луѓе.
  3. Тие се несигурни
    Ако сакате да бидете измамени и напуштени, тогаш овој тип на дечко е идеален за вас. Тој дефинитивно ќе ве остави на цедило.
  4. Тие се незрели
    Овој тип на дечко има менталитет на момче од средно училиште. Кога не сте доволно стари нема да ви пречи тоа многу, но кога ќе пораснете и созреете , нема да сакате да си го трошите времето на вакви момци.
  5. Вие не го заслужувате ова ниво на непочит
    Значи, дали навистина ќе го толерирате човекот кој мисли дека е сосема во ред да си оди кога ќе му текне и да доаѓа само кога ќе има свои лични потреби? Се разбира не.
  6. Покрај тоа, ниту „дечкото бумеранг“ не заслужува да има девојка
    Не, затоа што жените не се само предмети кои тие ќе ги користат само кога им требаат. Додека не научат да ги третираат девојчињата со почит, не треба да имаат девојка.
  7. Тие се искористувачи
    Дури и ако не ги плаќате вие кафињата кога сте излезени со него, тие сепак ве користат за други работи. Без разлика дали тоа е секс или нешто друго, не е важно. Она што е важно е што тие ве искористуваат, а тоа не е во ред.

И, конечно, ако имате ваков дечко во вашиот живот, важно е да разберете дека само си го губите времето. Ништо добро нема да ве снајде со него, затоа немојте ни да се спуштате во вакви „авантури“. Ќе ни се заблагодарите подоцна, пишува Your Tango.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı