Што значат соништата кои ги сонувате навечер?! Некои се предвесник за страшни нешта..

4 август, 20200
636969_suva-usta_ls

Бувот во соништата претставува желба за успех. Бувот, птица што обично е плен, го живее својот живот ноќе и го чека својот плен.

Постојат луѓе кои се занимаваат со толкување на соништата. Ако сонувате змија, еве што може да значи …

Инаку, многумина веруваат дека сонувањето змија е непријател. Ако пример сонувате дека се борите со змија, тоа значи дека ќе се борите со непријател. Ако Ве каснува змија во сон, може да значи дека ќе почувствувате непријатност.

Ако сонувате дека сте донеле змија во куќата, тоа може да значи некаква интрига. Исто така, постојат некои добри работи кога сонувате змии. На пример ако сонувате обична, безопасна змија, тоа може да значи дека ќе добиете пари. Исто така, ако сонувате повеќе змии, тоа може да значи дека ќе добиете дете.

Во секој случај, не се оптоварувајте со соништата затоа што секому може да му се случи да сонува нешто грдо. Колку повеќе размислувате за лошите соништа толку повеќе можете да си наштетите на себе. Затоа, опуштете се и не размислувајте многу за тоа. Подобро размислувајте за некои убави работи.

А ако сонувате коњ, мечка, алигатор….

1. Коњ

Коњот во соништата претставува моќ, сила, машкост и привлечност. Тој ја претставува позицијата на моќта, дали физички или авторитет што стои над Вас. Од друга страна, тоа покажува дека сте слободни и со диво срце и дека сè уште сте во контакт со примарниот дел од себе. Коњот претставува храброст и слобода, па ако се појави во Вашите соништа, тоа значи дека или барате слобода или треба да ја искажете својата слобода на некој начин.

2. Волк

Волкот е осамен, но сепак лови во група. Тој претставува моќ, убавина, инстинкт за преживување, самоувереност и гордост. Ако видите волк во сон, тоа може да значи дека Вашиот внатрешен бунтовник се обидува да се изрази. Можеби барате можност да ја изразите својата индивидуалност бидејќи сте уморни од тоа да бидете овци. Волк исто така може да значи дека имате одредени чувства кон некого, што би сакале да ги искажете отворено, но не можете. Во секој случај, волкот претставува интрига и личност која е навистина енигматична.

3. Був

Бувот во соништата претставува желба за успех. Був, птица што обично е плен, го живее својот живот ноќе и го чека својот плен. Затоа, можеби залудно го трошите Вашето време чекајќи го моментот кога ќе бидете подготвени да ги раширите крилјата и да одлетате. Јасно е дека имате волја и затоа, ако сонувате був, бидете подготвени да ги послушате вашите импулси и да ја искористите секоја можност која Ви се пружа.

4. Жаба

Жабата е добра во камуфлажа и криење. Жаба во сон може да значи дека нешто важно се крие во Вас и Ве јаде од внатре. Може да значи и трага по вистината за вашиот живот или некоја друга личност. Поентата е дека има нешто што се крие во Вас или има нешто што сакате да дознаете за некого.

5. Куче

Кучето во соништата симболизира интуиција, лојалност, дарежливост и верност. Ако сонувате куче, постојат две можности за толкување. Или чувствувате голема лојалност кон некого и подготвени сте да му го посветите животот или го очекувате тоа од некој кој не Ви ги возвратил чувствата што сте ги очекувавте. Исто така, може да значи дека имате проблем со довербата, но дека сè уште работите како куче за да ги решите работите.

6. Мачка

Мачката ги претставува сите спротивни можности. Таа е симбол на независност, подготвеност, креативност и женска привлечност. Мачка, во овој случај, може да значи вашата потреба да ја искажете својата независност и индивидуалност. Од друга страна, мачката претставува лоша среќа во многу култури. Тогаш може да биде лош предзнак, затоа внимавајте.

7. Гуштер

Гуштер во сон може да значи повик да се вратите во вашите стари инстинкти. Можеби сте отстапиле од своите корени или станавте личност која не треба да бидете или сте се откажале од некои вредности што сте ги ценеле. Гуштер значи дека треба да стапите во контакт со внатрешниот дел од себе и да поминете некое време сами со своите мисли.

8. Мечка

Мечката е диво и независно животно кое симболизира слобода и оддалеченост од сè. Мечката во соништата може да значи дека се чувствувате заробени на некој начин. Можеби се обидувате, како мечка, да се свртите кон нешто што Ве мачи веќе некое време или Ви е доста од сè и го сакате вашиот мир. Како и да е, ако видите мечка во Вашите соништа, време е да ги пресечете јажињата што Ве врзуваат и да ја пронајдете својата слобода.

9. Алигатор

Сонувањето на алигатор открива некаква измама или манипулација со која се соочувате. Некој дефинитивно крие нешто од Вас или дури се обидува да Ве измами. Многу е можно предавникот да биде личност многу близу до Вас, затоа внимавајте што откривате и на кого. На сите не може да им се верува и алигаторот во сон е ран знак дека некој околу вас ткае мрежа на лаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *